14 Декември, 2025
0.1396

Вашингтон ја легализираше марихуаната, со облак од чад е прославено во Сиетл

Објавено во: Свет 07 Декември, 2012 13:08

Добивај вести на Viber

Стотици љубители на марихуаната се собраа во Сиетл за во облак од чад да ја поздрават легализацијата на канабисот во американската држава Вашингтон, која влезе во историјата на САД како прва сојузна држава што доволи поседувањето марихуана за лична употреба на возрасните. Овој јавен собир во центарот на Сиетл е всушност кршење на клучните одредби на овој историски закон, кој дозволува на корисниците да консумираат марихуана само во приватноста на своите домови, но не и на јавно место. Главниот обвинител во Сиетл издаде строго предупредување дека консумирањето на марихуаната во јавност нема да се толерира и дека прекршителите ќе се соочат со парични казни од 100 долари. Меѓутоа, полицијата соопшти дека сепак  им беше наложено да ги ограничат нивните активности за време на собирот. Новиот закон, кој беше усвоен минатиот месец наречен „Иницијатива 502“, не предвидува кривични казни за лицата постари од 21, кои имаат 28,5 грама или помалку марихуана за лична употреба. Исто така се легализираше и поседување на производи тешки до 0,45 килограми, како како колачиња на пример, кои содржат канабис, како и до 2,4 килограми канабис во течна форма. Сепак, возењето под дејство на канабис или употреба на јавни места е забрането. Продажба, одгледување па дури и делење на своите залихи исто така е кривично дело, иако законот им овозможува на поединците да купат марихуана за лична употреба во ограничен износ.

Можеби ќе ве интересира

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала