Важна работа за која мора да се грижите во текот на зимата
Објавено во: Стил 01 Декември, 2014 19:55
Во зимските месеци и жените и мажите се среќаваат со ист проблем кој предизвикува големо незадоволство. За што станува збор?
Според истражувањето на британската фирма Fitnes LA, речиси половина од луѓето во зимата ќе добијат два до три килограми повеќе, а гледајќи според полот, ќе се здебели секоја шеста жена и секој трет маж.
Зошто се случува тоа?
За повеќето причина за дебелеење е опуштање после летото во кое ја одржале фигурата поради покажување во лесна облека, додека дебелите јакни и долги панталони во зима подобро ги кријат вишокот на килограми.
Поради тоа, повеќе од половината луѓе во ладните месеци се запуштаат од честиот режим на вежбање и се препуштаат на седечки начин на живот, во што им помагаат изговори како паѓање на мрак, поголем замор и студот кој го оневозможува вежбањето надвор.
„Во зима храната и подготовката на оброкот стануваат утеха и главна занимација, па е тешко да се најде мотив за редовно вежбање“, заклучува Тони Орм, авторот на истражувањето.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





