Важна вест за сите граѓани на Македонија од УЈП
Објавено во: Економија 08 Февруари, 2016 18:27
Доколку во текот на изминатата година освен плата или пензија сте оствариле приходи по различни основи, во тој случај имате обврска да поднесете годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи Кој има обврска да поднесе годишна даночна пријава?
Како приходи по различни основи може да влезат:
-дополнителни приходи, односно освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност.
-сте оствариле и приходи од
-кирии (издавање на имот – закуп или подзакуп)
-авторски права
-индустриска сопственост
-исплатена дивиденда
-капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот
-добивка од награднa игрa во износ поголем од 5.000 денари
-приходи остварени од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страни
-лични примања од странство -работно ангажираниње во амбасада, мисија на меѓународна организација…
-приходи остварени преку интернет (е-трговија; услуги извршени преку специјализирани страни пр.www.freelancer.com , www.upwork.com и др.
-поставување на реклами на сопствени интернет страни; прогнози (дојави) на типови за спортски натпревари)
-и други дополнителни приходи, надвор од вашата редовна плата или пензија.
Можеби ќе ве интересира
Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“
Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра
Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри




