11 Декември, 2025
0.0603

ВЕАПОСКА СТРАВУВА ДЕКА СЛУЧАЈОТ ЌЕ ЗАСТАРИ: Најави протести и очекува поддршка од народот

Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2025 17:15

Добивај вести на Viber

Во Основниот суд во Струга денеска беше одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Јилдз Веапоска од Дебар. Се одложи поради оправдано отсуство на бранителот на првообвинетиот лекар.

На претходното рочиште, одржано во септември, тој бараше изземање на судечкиот судија, и на претседателите на Судот во Струга и Апелација во Битола, па предметот беше разгледуван во Врховниот суд во Скопје. По одлуката да биде предметот да биде вратен во Судот во Струга, рочиштето беше закажано за вчера, но и тогаш бранителот Игор Петковски, најавил отсуство поради судење за притворски предмети.

Веапоска пак најави дека ако продолжи одлагањето на рочиштата ќе организира протести пред Судот во Струга секој ден од 8 до 16 часот.

„Ако нема одлука до крајот на овој месец, ако не продолжи судењето и ако вака се одлагаат сите рочишта ќе морам да закажам протест пред судот, кој ќе трае секој ден од 8 до 16 часот се додека не заврши судењето и се додека не се донесе пресудата во овој суд. Поддршка очекувам од целиот наш народ, од Дебар, од моите сограѓани и од цела Македонија, а не од институциите затоа што пет години талкам по овие врати и правдата неможам да си ја добијам со сите докази со вештачење, супер вештачење. Да застари ова дело е срамно и за нашата држава и за судот и за сите нас“, изјави Веапоска.

Судечкиот судија Јордан Јованов следното рочиште го закажа за в понеделник, посочувајќи дека не може да преземе никакви мерки бидејќи лицата се оправдано отсутни, но најави дека доколку има причина за одлагање ќе го закажува секој нареден ден.

Бранителот на оштетената, адвокатот Сашо Јанев вели дека на судот му се врзани рацете и не може да презема дејствија бидејќи согласно законот оправдано отсуство е дозволено.

Судскиот процес со родилката од Дебар Јилдз Веапоска, на која по породувањето со царски рез, во Болницата во Струга и беа отстранети три органи, бубрег, матка и јајник, се води против тројца лекари гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска. Судењето трипати почнуваше од почеток поради менување на судечките судии, а делото застарува во август 2026 година.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

OJO ЗА НАПАДОТ ВО ИНФОМАКС: Осомничениот обил врати и се заканувал на новинари и на гостинот дека ќе ги убие

OJO ЗА НАПАДОТ ВО ИНФОМАКС: Осомничениот обил врати и се заканувал на новинари и на гостинот дека ќе ги убие

СДСМ ја објави резолуцијата за мигрантите, eве што содржи

СДСМ ја објави резолуцијата за мигрантите, eве што содржи

Зимзоленд под лупа на институциите: Што се утврди и какви мерки ќе следат за забавниот парк во Скопје?

Зимзоленд под лупа на институциите: Што се утврди и какви мерки ќе следат за забавниот парк во Скопје?

Семејството на загинатата сопатничка во сообраќајката во Илинден бара одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев од Левица

Семејството на загинатата сопатничка во сообраќајката во Илинден бара одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев од Левица

Ќура: Изјавата на Мицкоски не ни ги наруши односите

Ќура: Изјавата на Мицкоски не ни ги наруши односите

Драган од Штип ја продолжува пчеларската традиција на прадедо му – наследство старо четири генерации што и денес создава природен мед

Драган од Штип ја продолжува пчеларската традиција на прадедо му – наследство старо четири генерации што и денес создава природен мед

„Филипче, како министер во Владата на Заев, работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци“: Лефков од ВМРО - ДПМНЕ со реакција

„Филипче, како министер во Владата на Заев, работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци“: Лефков од ВМРО - ДПМНЕ со реакција

Обвинителството бара продолжување на мерката притвор за таткото и една од ќерките-краварки во Крива Паланка

Обвинителството бара продолжување на мерката притвор за таткото и една од ќерките-краварки во Крива Паланка

Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски

Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски