Добивај вести на Viber
Вечерва, во 18 часот, со настапот на Дј Тина, ќе почне шестото издание на Гурманскиот викенд со пиво „Пиволенд 2013“, манифестација што се одржува под покровителство на Град Скопје.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, во 21 часот, ќе им се обрати на присутните на Скопското кале, а со првата пивска здравица ќе го прогласи за отворен Фестивалот на пивото, што ќе трае до 15-ти септември.