ВЕЌЕ НЕМА ПРАВИЛА: Нафтата паѓа и кога треба да расте!
Објавено во: Економија 11 Февруари, 2016 10:18
Американската сирова нафта падна на 27 долари за барел, после настојувањата на презаситениот пазар да се избори со високите залихи во САД и зголемено производство на ОПЕК.
До падот дошло и покрај тоа што вчерашниот извештај на американското Министерство за енергетика покажало намалување на залихите на „црното злато“ во САД за околу 800 000 барели во неделата заклучно со 5 февруари, бидејќи трговците сметаат дека тие залихи и понатаму се на високо ниво, што инаку би влијаело стимулативно на растот на цените, известува Франс прес.
Американската „лесна“ нафта WTI за испораки во март паднала за 40 центи , или 1,46 одсто на 27,5 долари, а во текот на трговскиот ден цените во еден момент паднале дури на 26,85 долари за барел. Европската сирова нафта „брент“ за априлските испораки се лизна 14 центи, или 0,45 проценти на 30,70 долари за барел.
Како што потсетува француската агенција, нафтата WTI на 20 јануари годинава потонала на 26,19 долари за барел, пред што цените на затворањето тој ден достигнале 26,55 долари, што беше најниско ниво од мај 2003.
„Надуваните залихи во САД вршат додатен притисок на цените на WTI нафтата, продлабочувајќи ја разликата спрема „брентот“, кој се смета за меѓународно мерило“, наведуваат од компанијата BMI рисерч во пазарниот коментар.
Цените на нафтата утрово кратко се опоравиле после синоќешната објава за извештајот на американските комерцијални залихи на таа сировина, но набрзо потоа пак паднале, бидејќи трговците ги земале предвид поголемите испораки на бензинот и растот на залихите.
Аналитичарите истакнуваат дека расположението на пазарот исто така го влошило извештајот на ОПЕК кој покажал дека производството во картелот пораснал за околу 130 000 барели дневно во јануари.
Извештајот на ОПЕК следи после тмурните прогнози на Меѓународната агенција за енергија, објавен во петокот, во кој се предвидува вишокот нафта на глобалниот пазар во првата половина на 2016 да биде поголем отколку што порано се очекуваше, наведува Франс прес.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




