20 Декември, 2025
0.0393

Велигденски свет без граници во Skopje City Mall

Објавено во: Мои пари 06 Април, 2017 16:01

Добивај вести на Viber

Во пресрет на Велигденските празници, нашиот најголем трговски центар, Skopje City Mall повторно ќе не зближи и ќе не изненади со богата и разновидна програма за сите генерации.

Почнувајќи од утре па сѐ до 17ти април, на приземјето во Skopje City Mall ќе биде поставена домашна фарма со вистински животни (зајаци, кокошки, пилиња и желки), на која фармерот Војо ќе ги едуцира и анимира посетителите. Фармата ќе биде отворена секој ден од 10 до 22 часот.

Од Skopje City Mall за прв пат најавуваат и уникатнаизложба на велигденски јајца, на која ќе бидат презентирани уметнички и рачни изработки од 7те држави кои учествуваат на настанот. Преку работилници за обичаите и техниките на бојадисување јајца и Велигденската трпеза, посетителите ќе се запознаат со културата на овие држави. Со своја работилница први ќе се претстават Русија во сабота од 14 часот, Унгарија од 18 часот и САД во недела од 12 часот. Тие ќе ги презентираат своите велигденски обичаи, ќе објаснат како го празнуваат овој празник и што е карактеристично за нив.

“Ги бришеме границите и ја доближуваме велигденската традиција на земјите низ светот со цел да се обединиме во навидум различните, а сепак слични детали во празнување на овој заеднички празник. Тоа ќе го постигнеме преку најразлични активности: изложба на јајца, работилници за обичаите и техниките на бојадисување, карактеристични велигденски трпези и креативни работилници за деца. Покрај уживањето во програмата што ја нудиме, сите посетители ќе можат да ги искористат и велигденските попусти кои ги најавија нашите закупци.” - изјави Дарко Панчевски од Skopje City Mall.

Настанот ќе започне утре и ќе трае до 17ти април, а Амбасадите на Русија, САД, Украина, Унгарија, Шведска и Словенија заедно со нивните здруженија на сонародници и дијаспора помогнаа овој настан да биде автентичен и се погрижија презентациите да бидат изворни. Детските креативни работилници ќе се одржуваат за викендите, од 12-14h и од 18-20h.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии