06 Декември, 2025
0.0421

Венчавка викеднов: Новак и Јелена на Свети Стефан ќе си кажат ДА!

Објавено во: Стил 13 Јуни, 2014 12:00

Добивај вести на Viber

Најдобриот српски тенисер и втор тенисер во светот Новак Ѓоковиќ и неговата свршеница Јелена Ристиќ ќе се венчаат викендов на манстирот Свети Стефан, кој поради тоа ќе биде затворен.

Како што се шпекулираше Новак и Јелена, кои се верија во септември минатата година, а сега очекуваат принова, одлучија деветгодишната врска да ја крунисаат со брак, кој ќе биде склучен на едно од најубавите летувалишта во Црна Гора кое наредните денови ќе биде затворено.

Пристапот на Свети Стефан ќе биде дозволен само со бродови, но со поседување на специјални покани, кои младенците веќе ги пратија на адресите на поканетите.

Порано исто така се шпекулираше дека кум на Новак Ѓоковиќ ќе му биде британскиот тенисер Енди Мари, а гости на венчавката ќе бидат: Јанко Типсаревиќ, Виктор Троицки, Ненад Зимонјиќ, Ана Ивановиќ, Марија Шарапова, Јелена Јанковиќ, Борис Бекер...

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: