Вера Јанковиќ: Патувањата се моја најдобра инвестиција
Објавено во: Стил 19 Јуни, 2018 11:04
Водителката, новинарка и диџеј Вера Јанковиќ вели дека патувањата се нејзината најдобра инвестиција. Откако зимава по трет пат и се врати на Барселона и повторно ја посети Италија, Вера завчера се врати од одмор на грчкиот остров Амулијани.
За неа, ова место е фантазија од мириси и од звуци.
„ Амулијани беше љубов на прв поглед, откако го видов пред 3 години. Тоа е островот со сите нишани, она парче земја што ми ги овозможува сите овоземни задоволства. Недопрена природа, кристално море и магични плажи, мир, магија која се чувствува во воздухот дирекно од Атос. Ми стана база за уживање, одмор и релаксација која ми полни батерии пред почетокот на официјалната сезона. Секогаш ќе му се навраќам. Тоа е фантазија од мириси и звуци, дури и мочуриштето и комарците му даваат посебен шмек на овој морски бисер. Гостопримството на Софија е посебна приказна. Таму сум своја на своето“, ни раскажа Вера. Во претходно интервју за Женски магазин, таа изјави дека патувањата се нејзин извор на енергија и на креативност.
Целиот текст читајте го на Женски магазин.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





