Верниците од исламска вероисповед ќе се молат во џамија од 12 мај
Објавено во: Македонија 08 Мај, 2020
13 муфтии на чело со реисот Сулејман Реџепи
донеле одлука џамиите да бидат отворени за молитви од вторник, односно од 12. мај.
Од ИВЗ велат дека намалувањето на бројот на заразени со Ковид-19 е добар услов
за да донесат ваква одлука.
Во објавата на ИВЗ се наведува дека до сега строго се спроведувале препораките за заштита на граѓаните од ширењето на вирусот и дека тие се единствената верска институција која побарала од нивните верници да се придржуваат до рестриктивните мерки.
-ИВЗ е единствената верска институција во земјава која јавно побара од исламските верници да се придржуваат кон препораките за одржување на здравјето, иако ниту еден од надлежните органи не даде позитивна оценка за нас, туку напротив, некои кругови блиски до Владата постојано ја напаѓаа ИВЗ и лидерот на ИВЗ, наведува ИВЗ во своето соопштение.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.