19 Мај, 2024
0.0258

Веро центар отворен за посетители, Jumbo продолжува со работа

Објавено во: Мои пари 13 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Продавниците во Веро центар во Скопје од денеска (среда) се отворени и работат од 10 до 18 часот, со исклучок на Веро маркетот кој продолжува да функционира со работно време од 7 до 18 часот. Веро центар ќе биде отворен за посетители од понеделник до сабота, додека во недела нема да работи, согласно новата одлука на Владата поврзана со заштитните мерки од коронавирус.

Од денеска повторно е отворен и Jumbo маркетот кој работи од 10 до 18 часот од понеделник до сабота. Двата ресторана во Веро центар, Goody’s и Full plate, во следниот период ќе функционираат преку шалтерски систем, односно ќе има можност само за подигнување на нарачаната храна и пијалоци. Според пропишаните владини мерки, посетителите на Веро центартреба да носат заштитни маскии друга заштитна опрема. Редарска служба во трговскиот центар го контролира бројот на посетители и внимава доследно да се почитуваат сите пропишани мерки за заштита.

- Веро центар е комплетно подготвен и безбеден за посетителите. Целиот простор во трговскиот центар, вклучувајќи го и затворениот паркинг, редовно и комплетно се дезинфицираат од страна на професионални служби, а сите вработени ги применуваат пропишаните заштитни мерки. Целиот наш тим е целосно посветен да осигура нормално и сигурно функционирање на трговскиот центар, како и да им овозможи на посетителите максимално да уживаат во Веро центар  - велат од менаџментот на Веро.  

Во Веро центар продолжува да работи и пунктот за подигнување телефонски нарачки за услугата Vero Drive од понеделник до сабота од 7 до 18 часот.  


Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО