17 Мај, 2024
0.0354

Вештина и уметност помеѓу духовната традиција и финансиите

Објавено во: Македонија 15 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Светлана Димовска е вистински виртуоз во кујната. Велигденските празници се посебен предизвик за неа. Многумина ја знаат како мирна и тивка во приватниот живот но вистински борец во кујната. За неа ќе речат-  од ништо знае да направи нешто. Во духот на традицијата вели дека  денот го почнала  со традиционалното фарбање на јајцата. За господ, домот и бериќет и  здравје за блиските. Димовска е една од плејадата вешти жени кои за Велигден прават вистински чуда и за очи и за вкус. Единствено вели и сметаат високите цени кои пред и за време на празниците знаат да ја расипат празничната еуфорија и расположението. Но затоа вештата домаќинка подготовките ги почнува многу порано.

“Според традицијата на Велики четврток рано наутро пред изгрејсонце започнав со вапцање на јајцата. Првите три, едно за господ, второто за домот  и трето за здравје на домашните, среќа и бериќет. Ги вапцам во црвена боја и  трите   се чуваат во текот на целата година,  до следниот Велигден. Со останатите јајца секоја година успевам да направам некоја декорација која од година во година се разликува. Во зависност од расположението и идејата. Честопати  користам листови од некое растение, житарки, желатински бои , восок. Корпите добиваат нов облик со фигурите во духот на празникот, зајчиња, пилиња,цветови.Идеите ги црпам од интернет но и од многубројните манифестации и натпревари како во земјава така и надвор,  но секогаш низ нив доминира оригиналната идеја, некоја моја скриена замисла. Тоа можеби ме прави уникатна” – раскажува Димовска.

Храната за неа  е уметност. Така и ја доживува. Вели прави  максимални напори цените да соодветствуваат со џебот на граѓаните.  Според стандардот на голем дел од граѓаните трпезите за празникот ќе им бидат скромни.

“Морам да признаам помодарството последниве неколку години бара повеќе труд и следење на сите новитети во кулинарството. Секогаш кога ќе изработам нешто интересно и уникатно гледам да не биде скапо за да бидат задоволни двете страни. Цените на производите пред и за време на празниците драстично се менуваат и поскапуваат,  претерано се  високи. Проблем се и набавките на продукти преку интернет од други земји. Често трошам повеќе од она што ќе се продаде,  подарувам мои изработки за празниците. Иако секој од нив чини пари и за декорацијата и за специјалитетот сакам да видам ведри и насмеани лица. Празникот нели е замислен за правење добри дела. Душата и срцето ми се полни со радост кога гледам искрена насмевка особено на лицата на оние кои немаат”- раскажува Димовска.

Кујната е просторија во која  поминува најмногу време. Првата  кулинарска прошетка ја направила пред седумнаесет години. Вели кај неа нема две исти работи кои се повторуваат.

“Декорациите се готови за два до три дена. Повеќе време одземаат подготовките. Се разликуваат и по форма и по вкус. Во составот практикувам да има природни состојки и што помалку вештачки бои и  хемикалии. Со мојата професија започнав пред седумнаесет години. Веќе осум години работам исклучиво кетеринг. Работата е напорна и многу прецизна, но ја работам со уживање. Опкружена сум со среќни луѓе и тоа ме исполнува”- додава Димовска.

Со бизнис почнала  во далечната 1999 година. Најпрвин со сендвичара, а потоа со торти и колачи. Во 2001 година за прв пат се пријавила на тортијада на  град Скопје,  а потоа и на натпреварот Вешта жена. Се закитила со многу награди и признанија.

“До денес имам добиено безброј награди. Пред три години учествувам и на интернационални натпреварувања. Многупати се враќаме со злато. Горда сум што на овој начин ја претставувам Македонија,  но во споредба со другите земји кај нас недоволно се вреднува трудот. Рачната изработка е слабо платена, исто и професијата. Во земјите од регионот и ЕУ платите на ноите колеги се движат од 1500 до  3000 евра,  а кај нас едвај 300 или 500. Не се цени квалитетот. Проблем е и околу набавките на продукти преку интернет од други земји”- објаснува Димовска.

Нејзините производи се дел од многу трпези, особено празничните. За неа  нема тешка ниту неостварена цел. Секоја идеја е нов предизвик. Рачната изработка  како што вели Димовска  е слабо платена, исто како  и професијата. Во земјите од регионот и ЕУ платите на нејзините колеги се движат од 1500 до  3000 евра,  а кај нас вели  едвај 300 или  најмногу 500 евра. На овој начин додава дека  не се цени и негува квалитетот. Оттука смета дека се потребни квалитетни решенија и одлуки за креативните умови кои треба да имаат стимулација да направат вистински ремек дела во кујната.

Можеби ќе ве интересира

НЕЕКСПЛОДИРАНА ГРАНАТА ОДНЕСЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: надлежните апелираат во вакви ситуации граѓаните да пријават, не да ги поместуваат

НЕЕКСПЛОДИРАНА ГРАНАТА ОДНЕСЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: надлежните апелираат во вакви ситуации граѓаните да пријават, не да ги поместуваат

Познато зошто куќарките повторно се вратени на скопскиот плоштад

Познато зошто куќарките повторно се вратени на скопскиот плоштад

Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова

Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив

„ОРКЕСТРИРАН НАПАД ВРЗ СКОПЈЕ ИАКО ПРВИ ПРСКАМЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ“: Градоначалничката со фото докази за другите општини

„ОРКЕСТРИРАН НАПАД ВРЗ СКОПЈЕ ИАКО ПРВИ ПРСКАМЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ“: Градоначалничката со фото докази за другите општини

ИЛИЈА ДИМОВСКИ БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ДУИ И АХМЕТИ: Требаше да размислува кога водеше процеси кои го исклучија македонскиот народ, преговараа сами за македонски прашања

ИЛИЈА ДИМОВСКИ БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ДУИ И АХМЕТИ: Требаше да размислува кога водеше процеси кои го исклучија македонскиот народ, преговараа сами за македонски прашања

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори