03 Мај, 2024
0.0255

Весковски: Кривична постапка за трговец со филтри за вода

Објавено во: Економија 29 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Душко Весковски, директорот на ЈП Водовод и канализација, најави дека ќе поднесе тужби против фирмите кои продаваат филтри за вода и истовремено за да го зголемат прометот ги манипулираат скопјани дека таа од градската мрежа не е чиста за пиење.

„Ги уверувам граѓаните дека пијат квалитетна вода. Пред да бидам директор на ЈП Водовод и канализација морам да признаам дека и самиот се сомневав, но сега откако ги гледам анализите тврдам дека нема простор за сомнеж, Ќе поднесам кривична постапка за тие што користат филтри бидејќи ги доведуваат во заблуда граѓаните. Против еден производител на филтри веќе има поднесено кривична постапка, информира Весковски.

Тој на денешната прес-конференција за испорачување сметки на рециклирана, еколошка и биоразградлива хартија додаде дека фирмите манипулираат внесувајќи заблуда кај купувачите, така што им презентираат хемиски експерименти со кои ги убедуваат луѓето да купат од скапите прочистувачи за вода. Според него, водата од чешмите во домовите е исто толку квалитетна колку и водата од изворот Рашче.

– Бигорот во машините за перење и во бојлерите е показател дека во Скопје се пие тврда вода, што во никој случај не значи дека таа е штетна вода за пиење, тврди директорот на Водовод.

„Граѓаните полнат шише вода од чешма, во водата потоа презентерите на филтрите ставаат две електроди, едната е од железо а другата од алуминиум. Кога ќе ги ставите во вода двете електроди, железната ќе се растопи со хлоридите од водата и ќе даде железен хлорид, тоа е зелена боја, тој понатака оксидира во жолта боја, тоа е железен трихлорид, а и сулфатите на железо се зелени како соли и после тоа во водата хидролизира железен хидроксид, кој е попознат како рѓа. Тоа паѓа доле, и кога граѓаните ќе го видат тоа се уверени дека пијат штетна вода, а всушност сето тоа е забавна хемија, се надоврза раководителот на сектор за санитарна контрола Зоран Божиновски.



Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски