04 Мај, 2024
0.0328

ВЕСТ КОЈА ЌЕ ГИ ИЗРАДУВА ГЕРМАНСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Минималецот скока, еве за колку

Објавено во: Економија 31 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Скока минималецот во Германија. Согласно најновата одлука донесена од германската влада денеска, од следната година, поточно од 1 јануари 19,9 евра ќе биде саатнината на минималецот. 

Во истовреме, министерот за финансии Олаф Шолц бара покачување на минималецот за 12 евра.

,,Мислам дека минималната саатнина од 12 евра е соодветна”, напиша министерот Шолц од Социјалдемократската партија во текст објавен во весникот ,,Билд”. Тој ги советува германските работодавачи ,,да не штедат на плати”.

Германската Влада автоматски го зголемува минималниот надомест по препораки на Комисиjата за минимална саaтнина во која се претставници на работодавачи и синдикати.

Од 1ви јануари 2020 година  минималниот надомест би требало повторно да се зголеми на 9,35 евра

Со зголемувањето на минималецот би се отворил пат за зголемување на личната потрошувачка во најголемaта европска економија. Владата на канцеларката Ангела Меркел во 2015 година воведе минимална заработка на државно ниво од 8,50 евра од час, со тоа опфаќајќи повеќе од три милиони работници. Последен пат минималецот е зголемен минатата година, исто така на препорака на Комисијата, на досегашните 8,84 евра од час, пренесува Seebiz.eu.

Актуелниот износ на зголемување е утврден со примена на сложена формула која делумно се однесува и на просечното зголемување на плата во Германија за 4,8 отсто во минатите две години. На тој начин зголемувањето на платите во 2019 година би требало да изнесува околу четири отсто. Воведување на минимална плата во 2015 година беше клучно барање на Меркеловиот малцински коалиционен партнер, германската СПД. Функционерите на СПД, вклучително и министерот за финансии Олаф Шолц, бараат зголемување на минималната плата за дури 12 евра од час.

1.400 инспектори проверуваат дали компаниите го почитуваат ,,минималецот”

Министерот Шолц има во план да ангажира дополнителни 1.400 инспектори, така што во иднина нивниот број би изнесувал 8.600 инспектори кои ќе вршат контрола колку компаниите ја почитуваат одредбата за минималната плата, односно дали ги заобиколуваат законите и прописите. Зголемувањето на минималната плата веројатно ќе помогне во зголемувањето на потрошувачката на домаќинствата во период во кој растот на германскиот извоз ги загрозува протекционистичките мерки на американскиот претседател Доналд Трамп. Меѓународниот монетарен фонд и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) веќе ја повикаа Германија да ги зголеми платите и инвестициите, со цел да се зголеми домашната потрошувачка и намалување на големиот суфицит на тековната сметка на билансот на плаќања, потсетува Ројтерс.


Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски