Видео: Акробациите на претседателот Румен Радев
Објавено во: Балкан 13 Март, 2018
Бугарскиот претседател Румен Радев пред новинарските екипи изведе вистинска акробација на справи за вежбање во еден јавен парк, моменти пред да се одржи седницата на Советот за национална безбедност и целосно ги збуни репортерите.
Радев е поранешен генерал и е во одлична физичка состојба, што е евидентно и од овој гимнастичарски потег.