29 Април, 2024
0.0296

(ВИДЕО) АПСЕЊА ВО КАТАЛОНИЈА: Тензии и протести на улиците

Објавено во: Свет 20 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Шпанската полиција го уапси заменик министерот за економија на Каталонија, Хосеп Марија Жове во рација на канцелариите на регионалната влада. 

Апсењата се случуваат пред неодобрениот референдум за независност на Каталонија, изјавија извори од каталонската влада за Ројтерс.

Весникот Ел паис јавува дека во рацијата се уапсени вкупно 13 лица и дека се запленети гласачки ливчиња. Пред просториите на каталонската влада се собраа голем број граѓани кои протестираат против апсењата.

Еден ден претходно националната полиција заплени 45.000 пликоа кои каталонската влада планирала да ги испраќа низ регионот за да ги информира луѓето за референдумот.

Полиција влезе во просториите на каталонските регионални министерства за економија, внатрешни работи, надворешни работи, социјална заштита, телекомуникации и даночниот оддел.

Тензиите во односите на Барселона и Мадрид се зголемија затоа што за 1 октомври е закажан референдум, кој шпанските централни власти не го признаваат.

Шпанското Министерство за финансии воведе од денеска нови контроли над финансиите на каталонската влада за да осигури дека државните пари не се користат за референдумот. Сега целото трошење во Каталонија е под контрола на централната влада.

Шпанското Министерство за внатрешни работи објави дека слободните денови и одморите ќе бидат суспендирани за припадниците на цивилната гарда и полицијата задолжени за спроведување на одлуките за забрана на референдумот за независност во Каталонија.

Претседателот на Каталонија, Карлес Пучдемон  изјави дека Мадрид вовел де факто вонредна состојба во Каталонија. 


Можеби ќе ве интересира

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург

ПОЛИЦИЈАТА ГИ СПРЕЧИ НИВНИТЕ ПЛАНОВИ: Тинејџери во Сиднеј сакале да купат оружје и да напаѓаат Евреи

ПОЛИЦИЈАТА ГИ СПРЕЧИ НИВНИТЕ ПЛАНОВИ: Тинејџери во Сиднеј сакале да купат оружје и да напаѓаат Евреи

ДО КРАЈОТ НА МАЈ: Koи европски земји ќе ја признаат Палестина?

ДО КРАЈОТ НА МАЈ: Koи европски земји ќе ја признаат Палестина?

НОВА ФУНКЦИЈА: Синот на Кадиров е унапреден

НОВА ФУНКЦИЈА: Синот на Кадиров е унапреден

TEРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО РУСИЈА: Mилитанти фрлиле бомба и пукале кон полицајци

TEРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО РУСИЈА: Mилитанти фрлиле бомба и пукале кон полицајци

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

Најмоќните директори на денешницата на едно место - собрани околу важно прашање: шефовите на OpenAI, Google и Microsoft лице в лице

Најмоќните директори на денешницата на едно место - собрани околу важно прашање: шефовите на OpenAI, Google и Microsoft лице в лице

ПУКНА БРАНА ВО КЕНИЈА: Најмалку 42 лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)

ПУКНА БРАНА ВО КЕНИЈА: Најмалку 42 лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)