(ВИДЕО) Арачиновец со автомобил влета на скопскиот плоштад
Објавено во: Македонија 23 Декември, 2020
Арачиновец го возел „бентлито“ кое влета на скопскиот плоштад.
Полицијата соопшти дека вечерва околу 19 часот е пронајден и санкциониран извесен Б.А. од скопско Арачиново, кој со автомобил марка „бентли“ со поголема брзина се движеше низ скопскиот плоштад, загрозувајќи ја сигурноста на присутните граѓани.
Видеото кое се прошири на социјалните мрежи, покажува како автомобилот се приближува до „светлосниот тунел“ поставен на градскиот плоштад, при што луѓето собрани околу новогодишната декорација брзо се тргаат настрана, а потоа возилото брзо преминува на другата страна.
Видеото е објавено на социјалната мрежа ТикТок од профилот „Бурим Харачина“.