19 Мај, 2024
0.0324

(ВИДЕО) АСАНЖ СЕ ЗАКАНУВА: Какви документи ќе објави Викиликс за американските избори?

Објавено во: Свет 04 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж и се обраќа на јавноста во глобално онјалн видео по повод 10-от роденден на сајтот.

„Викиликс објави десет милиони документи во изминатите десет години. Тоа се десет милијарди зборови, во просек околу три илјади документи дневно“, рекол Асанж.

„Самите документи откриваат, но реакциите на владите и државите на ова откривање исто така откриваат“ , додал тој. Тој исто така вели дека „Викиликс“ се надева оти ќе објави документи секоја година во наредните десет недели.

Асанж вети дека објавувањето ќе продолжи, но дури иако тој ќе мора да поднесе оставка.

„Викиликс“ ќе објави документи за американските избори пред 8 ноември. Некои од објавите ќе влијаат на владите на три држави“, истакнал Асанж.

„Документите кои ќе ги објавиме вклучуваат и значајни материјали за војна, оружје, нафта, „Гугл“ и американските избори, рекол Асанж говорејќи преку видео-линк од еквадорската амбасада.

Тој наведува дека имало многу погрешни цитирања кои сугерираат дека „Викиликс“ ќе им наштети на претседателските избори во САД.

Тој рекол дека ќе покрене специјална структура на членство за да остане „Викиликс“ независен.

Асанж се наоѓа во амбасадата на Еквадор во Лондон од 2012 година поради страв дека би можел да биде испорачан во Шведска каде е обвинет за сексуално злоставување, а оттаму во САД, каде би можел да се соочи со обвиненија за шпиунажа поради објавени тајни документи преку неговата страна.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!