(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈА ГОРИ: Во Сиднеј измерени рекордни 47,3 степени Целзиусови
Објавено во: Свет 07 Јануари, 2018
Во Сиднеј живата во термометрите денес достигнува 47,3 степени Целзиусови, поради што денешниот ден е најтопол од 1939 година наваму.
Во областа околу Сиднеј е прогласено предупредување на опасност од пожари а во градот е целосно забрането палење оган.
Температурниот рекорд претходно е забележан во 1939 година кога се измерени 47,8 степени Ц. Поради големите шумски пожари, жителите на некои делови од Мелбурн морале да бегаат од своите домови.
Големи горештини посебно ги погодуваат спортистите-учесниците на тенискиот турнир во Сиднеј морале да ги напуштат терените, а слично е и со крикет тимовите на турнирот „Трофеј пепел“.
На австралискиот источен брег некои патишта се топат од жештина, еве како изгледа тоа: