(ВИДЕО) АВТОБУС ИЗЛЕТА ВО БЕЗДНА: Kолку луѓе заминаа во смрт?
Објавено во: Свет 11 Септември, 2018
Автобус во кој се возеле верници од индиски храм, денеска излетал од патот и паднал во бездна, при што најмалку 45 луѓе загинаа, а 25 се повредени, соопштија тамошните власти.
Возачот ја загубил контролата од засега непознати причини и обидувајќи се да избегне судир со друг автобус, излетал од патот. Потврда за ова има и од локалните власти.
Очевидците веднаш истрчале да помогнат, а повредените патници итно се пренесени во најблиската болница.
Во тек е истрага за причината на несреќата која доведе до голема трагедија.