(ВИДЕО) БЛОКАДИ ВО НОВИ САД: Постар маж извади нож за да нападне студент
Објавено во: Балкан 17 Јануари, 2025
Постар маж денеска извади нож и сакаше да нападне студент на блокадите пред Медицинскиот факултет во Нови Сад во Србија, но младите луѓе го совладаа.
Полицијата го идентификувала напаѓачот како М.Г., кој е уапсен за насилничко однесување. Напаѓачот доби 48 часовен притвор.
Полицијата додава дека, по истекот на ова време, тој ќе биде изведен пред Основниот јавен обвинител во Нови Сад.
Голем број граѓани и студенти вечерва се собраа пред зградата на Радио и телевизија на Србија на студентскиот протест.
Откако на 1 ноември лани падна натстрешница на Железничката станица во Нови Сад и уби 14 луѓе, во Србија постојано има протести.
Stariji muškarac prišao je danas tokom blokade ispred Medicinskog fakulteta jednom redaru u žutom prsluku i na njega potegao nož.
— TV N1 Beograd (@n1srbija) January 17, 2025
U tom trenutku su ostali redari i studenti razoružali tog čoveka. pic.twitter.com/b7ky04jji8