(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ЗБОРУВА 56 ЈАЗИЦИ: Објаснува како ова му успeало
Објавено во: Балкан 23 Декември, 2018
Мухамед Мешиќ(32) од градот Тузла во БиХ, е човек кој зборува 56 јазици.
Тој на само 16 години станал општински советник. Освен тоа, тој е и јапонолог и хебреист, а во 2010 ја добил и престижната „Бреинсворк“ награда.
Вели дека е едноставно да се зборуваат толку многу јазици. Овој човек објаснува дека клучна е силната човекова волја.
„Светот на другите јазици е различен. Перспективата е поинаква кога еден збор ќе се преведе на неколку јазици. Прв странски јазик со кој имав контакт, беше грчкиот, додека како мал бев на летување во Грција. Ете тоа ме инспирираше, изјави Мешиќ за „Ал Џезира Балкан“.
Вели дека за совладување на основните вештини на некој јазик, му се потребни само неколку седмици.
Но, тој е многу активен и вели дека во годината повеќе од 200 дена поминува во авион, затоа што патува на семинари, обуки. Додава дека во мали земји како нашите балкански, клучен адут е знаењето.