(ВИДЕО) Бразилски остров – дом на најсмртоносните змии
Објавено во: Стил 03 Јули, 2014 19:47
Кога го замислувате одморот од соништата, овој остров не вклучува одмор на остров со колонијата од најсмртоносните змии на светот.
Овој остров е наречен Ilja de Kejmada Grande и се наоѓа на 32 километри оддалеченост од брегот на Сао Паоло, а попознат е како островот на змиите на кој свој дом пронашла и Златната змија (Bothrops insularis).
Нејзиниот отров може да убие човек, а потоа го раствора човечкото месо. Ако го преживеете гризот, може да очекувате тешки последици како што е оштетување на бубрезите, крварење на мозокот или системот за варење. На островот (оправдано) не доаѓаат туристи и истиот е резервиран за мал број научници кои секоја година ги истражуваат змиите.
Поради преголемата опасност бразилската влада строго ги контролира посетите на островот, а дури и без владина забрана веројатно не би станал топ туристичка дестинација. Никаде на светот не постои толку голема концентрација на отровници на едно место, според некои проценки на одредени делови од островот можете да најдете по една змија на секој метар квадратен.
Во последните 15 години популацијата на змии за островот се намалила за 15 одсто поради вегетација и разни болести, и се наоѓаат на листата на загрозени животни.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





