(ВИДЕО) Човек си ја реновирал куќата па пронашол…нема да верувате што!
Објавено во: Стил 04 Септември, 2014 21:35
Кога во 1963 година еден Турчин во Кападокија тргнал да ја реновира куќата открил нешто неверојатно!
Жител на денешен Деринкујо го срушил ѕидот во подрумот на својата куќа и открил дека зад него се наоѓа тунел, па уште една просторија, па уште една, па уште една ...
Така, по пат на случајност е откриен најголемиот подземен град во Турција, кој е ископан 85 метри под површината на земјата. За овој необичен подземен град со право може да се каже дека е инжиниерско ремек дело и големо археолошко откритие.
Низ него минува плитка вода, има низа вентилационен систем, поединечни станови, продавници, бунари, соби каде се чувало оружје, па дури и гробишта. Во градот е пронајдена дури и школа, како и посебни одаи во кои се чувани животни.
До сега се откриени 52 отвори за вентилација, а исто така е откриено и дека не сите извори на вода биле поврзани со површината, најверојатно од страв дека освојувачите би можеле да ја затрујат водата.
Се претпоставува дека овој подземен град кој можел да прими и до 50.000 луѓе настанал во седмиот или осмиот век пред новата ера.
За време на подемот на Персиското царство градот бил користен како населба за бегалци, подоцна како скривалиште од инвазијата на Римјаните и Арапите.
Подземниот град инаку на своите жители им овозможувал одлична заштита од пеколната топлина на лето, додека во зимо бил скривалиште од зимото.
Ово импресивен град не е единстевното неверојатно археолошко откритие во Турција. Во негова близина се откриено речиси 200 други подземни градови од кои најмалку 40 имаат три нивоа под земјата. Вкупно, сите овие градови можеле да примат околу 100.000 луѓе.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





