14 Мај, 2024
0.0262

(ВИДЕО) ЦИПРАС ГО ПОСЕТИ МАТИ: Еве како го дочекаа локалните жители

Објавено во: Балкан 30 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Грчкиот премиер,  Алексис Ципрас денеска ги посети Мати и Рафина. 

Ципрас на Твитер напиша дека разговарал со „граѓаните, инженерите, војниците, пожарникарите и доброволците“. 

Ова се најтешко погодените места во пожарите кај Атина, кои однесоа 91 живот.

Во краткото соопштение од неговиот кабинет, се наведува дека средбата на грчкиот премиер со локалните власти и граѓаните во таа област траела околу еден час.

Претходно, министерот за одбрана Панос Каменос го посети уништениот регион при што го нападнаа локалните жители кои ја критикуваат власта поради начинот на кој се справи со пожарите.

Противпожарната служба на Грција соопшти синоќа дека новиот биланс на пожарите кои ја опустошија околината на Атина е зголемен на 91, а 25 лица се водат како исчезнати.

Пожарите кои минатата недела ја зафатија Грција се опишуваат како најсмртоносни во Европа од 1900 година, соопшти Центарот за истражувања на епидемии и катастрофи во Брисел.


Можеби ќе ве интересира

ВЕРОЈАТНО СФАТИ ДЕКА ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ПОМИНЕ ЗАРОБЕН - Коста Кецмановиќ падна во депресија, не сака да разговара со никого

ВЕРОЈАТНО СФАТИ ДЕКА ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ПОМИНЕ ЗАРОБЕН - Коста Кецмановиќ падна во депресија, не сака да разговара со никого

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ПРЕЧЕКАН ЕДИ РАМА ОД АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО АТИНА - реакции во грчките медиуми

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ПРЕЧЕКАН ЕДИ РАМА ОД АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО АТИНА - реакции во грчките медиуми

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни