(ВИДЕО) ЦРН БИЛАНС: Се зголеми бројот на жртви од Доријан
Објавено во: Свет 07 Септември, 2019
Бројот на загинати во ураганот Доријан на Бахамите се искачи на 43.
Потрагата по исчезнати лица продолжува и денеска.
Ураганот од петта категорија што ги зафати Бахамите, ги погоди американските држави Јужна и Северна Каролина, ослабнат како ураган од прва категорија. Сепак, над 280,000 објекти и домови останаа без електрична енергија.
Метеоролозите предупредуваат дека иако Доријан ослабнал, сепак е придружуван од силни ветрови и претставува опасност по животот и имотот на луѓето во тие држави, но и во Вирџинија. Затоа, гувернерите на тие држави прогласија вонредна состојба.
Предупредување за евакуација е издадено во двете Каролини за околу 900.000 луѓе.
Болницата во Гранд Бахама е поплавена и привремено медицинска помош мора да се пружа во теренска болница САД и меѓународните агенции ги зголемуваат напорите за испраќање помош на Бахамите откако повеќе области погодени од ураганот стануваат достапни.