01 Мај, 2024
0.0289

(ВИДЕО) Црна Гора на нозе: Ноле и Јелена слетаа на Тиват!

Објавено во: Стил 08 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Најдобриот тенисер на светот, Србинот Новак Ѓоковиќ и неговата вереница Јелена Ристиќ вечерва во 19.45 часот слетаа со приватен авион на тиватскиот аеродром.

Во исто време со редовен лет Белград - Тиват пристигна и семејството на српскиот тенисер. Бројни новинарски екипи го чекаа доаѓањето на Ѓоковиќ и неговото семејство во Црна Гора.

Прославата ќе биде во среда, додека црковната церемонија е планирана за 12 јули.

Црногорските медиуми наведуваат дека на „Свети Стефан“ последните припреми за утрешната венчавка се при крај.

Веселбата која ќе следи после венчавката на Кралската плажа, ќе помине со големо обезбедување. На гостите ќе им биде на располагање голем шатор, како и велнес центар на истата плажа.

Парот првата брачна ноќ најверојатно ќе ја помине во познатата вила 118, која за сега се вика апартман „Свети Стефан“. Таа има две нивоа и најголема соба од 165 квадрати каде би требало да отседнат младенците, а во која ноќевање чини од 3.500 евра.