(ВИДЕО) ДЕЛОВИ ОД ШПАНИЈА СЕ ПОД ВОДА: Шпанците ги врзуваат возилата за да не ги однесат поплавите
Објавено во: Свет 14 Ноември, 2024
Шпанците ги врзуваат возилата за да не ги однесат поплавите.
Валенсија и Андалузија се под вода. Се појави снимка која прикажува како Шпанците ги врзуваат своите автомобили за улични бандери и ги виткаат во фолија со надеж дека возилата нема да бидат оштетени од поплавата.
Thousands of people have been evacuated from their homes in the Costa del Sol as storms are set to bring fresh misery to parts of southern Spain https://t.co/lOTt6FK1qg pic.twitter.com/Llo4fkxjh9
Службата за итни случаи на Андалузија пријавила 1163 акции во кои интервенирале во текот на ноќта. Најмногу се евидентирани во Малага, каде што се спасени 22 луѓе на различни локации.
Таму уште се санираат штетите од поплавите од крајот на октомври во кои загинаа над 200 луѓе.
На терен во провинцијата се повеќе од 2.700 пожарникари, околу 8.600 припадници на војската, вклучително и специјализираната единица за вонредни ситуации (УМЕ), како и над 800 волонтери од Цивилната заштита.Shocking scenes from the Costa Del Sol as urgent warning issued pic.twitter.com/wPm5Lvcv4R
— The Sun (@TheSun) November 13, 2024
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.