18 Мај, 2024
0.0277

(ВИДЕО) Десет најголеми изненадувања во историјата на Светските првенства

Објавено во: Стил 15 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Додека во тек е СП 2014 да се потсетиме на најголемите изненадувања низ историјата.

1. Северна Кореја - Италија 1:0 (19.7.1966, Англија)

За многу фудбалски експерти победата на севернокорејската екипа против Италија на СП во Англија е најголема сензација во историјата на фудбалот. Азурите тогаш ги предводеше Giacinto Facchetti, Sandro Mazzola и Gianni Rivera, но Кореја славеше со гол. Италијанците натпреварот го завршија веќе во групата, а Северна Кореја се пласираше во четврт финалето каде водеше со 3:0 против Португалците, но набрзо резултатот се сврте 5:3 за Португалија.

2. САД-Англија 1:0 (29.6.1950, Бразил)

Беше тоа средба во која поранешната колонија ја победи нацијата која го измисли фудбалот. Американсците тоа и ден денес го сметаат за една од најголемите спортски победи, додека за Англичаните тоа е најголемиот фудбалски срам. Едни англиски весници сметајќи дека телеграфата стигната од Бразил е погрешна објавуваа како Англија славела со 10:1.

3.Камерон-Аргентина 1:0 (8.6.1990, Италија)

Актуелниот светски првак World Cup-от во Италија го отвори со пораз од Камерон. Стрелец на единствениот погодок бил Omam Biyik. На „Гаучосите“ тогаш не им помогна ни големиот Диего Марадона, ни фактот што противникот ја заврши утакмицата со девет играчи после исклучувањето на Andre Kana Biyik и Benjamin Massing. Аргентина стигна до финале во кое изгуби од Германија, додека Камерон запре во четвртфиналето поради англичаните.

4.Сенегал-Франција 1:0 (31.5.2002, Јужна Кореја)

Дванаесет години после шокот што Камерон им го зададе на Аргентинците, истото им го направи и Сенегал поразувајќи ги тогаш светските прваци Французите. Јунак на натпреварот беше Papa Bouba Diop постигнувајќи гол во 30 минута. Интересно, тогаш практично сите играчи од сенегалската екипа играа во француските клубови, а нив ги предводеше Французинот Bruno Metsu.

5. Западна Германија - Унгарија 3:2 (4.7.1954, Швајцарија)

Унгарците предводени од Ferenc Puškaš нема изгубено ниту еден натпревар речиси четири години, во натпреварувањата по групи ги „разбија“ Германците со 8:3, а во финалето водеа со 2:0 по само осум минути од натпреварот. Но, резултаот се сврте и приреди сензација. Победата на Германија во финалето е прогласена за „чудо во Берн“, а Унгарците се прогласени за најдобрата репрезентација која никогаш не освои светски наслов.

6. Бразил - Уругвај 1:2 (16.7.1950, Бразил)

Се беше подготвено за големо бразилско славење. На трибините на легендарната Маракана во Рио де Женеиро се најдоа 200.000 луѓе очекувајќи го бразилското освојување на светскиот првак. Но, Уругвај славеше со 2:1. Интересно, на Бразил да биде светски првак му требаше само бод.

7. Северна Ирска - Шпанија 1:0 (25.6.1982, Шпанија)

Беше тоа натпревар во кој се очекуваше уверлива победа на домаќинот на првенството. Но, гостите ги шокираа сите, а одлучниот погодок го „заби“ Gerry Armstrong.

8. Ажир - Западна Германија 2:1 (16.6.1982, Шпанија)

Вистинско изненадување на СП во Шпанија во 1982 година приреди Алжир против тогаш европскиот првак Германија. За Алжирците тоа беше првиот натпревар во историјата на светските првенства и веднаш голем „пресек“. Јунакот на утакмицата беше  Rabah Madjer.

9. Нов Зеланд - Италија 1:1 (20.6.2010, Јужна Африка)

Во очи на СП Нов Зеланд е прогласен за репрезентација со најмалку шанси за освојување на насловот првак. На скалата на ФИФА се наоѓаа на 78 место, додека Италијанците беа актуелен светски првак.

10. Ирска - Италија 1:0 (18.6.1994, САД)

Беше тоа една од најголемите ирски победи во историјата. Речиси пола од стадионот во  East Rutherfordu во Њу Џерси беше обоен во зелено. Јунакот на натпреварот беше  Ray Houghton кој го „заби“ голот во 12 минута. Беше тоа прва утакмица на Азурите на првенството, на подоцна стигнаа до финале во кое изгубија од Бразил после изведувањето на единаесетерецот. Ирска испадна во осмина финалето.