18 Мај, 2024
0.0269

(ВИДЕО) ДРАМАТИЧНО СПАСУВАЊЕ: Малата Џулија (10) преживеала 17 часа под урнатините!

Објавено во: Свет 25 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Спасувачите вриштеле од среќа кога извлекле живо девојче од урнатините на куќа во Пескара дел Тронто, еден од градчињата кој вчерашниот земјотрес со јачина од 6,2 по Рихтер речиси го срамни со земјата. Спасувачот кој го пронајде девојчето, изјавил за АП дека после 17 часа од потресот слушнал гласче од урнатините на семејна куќа. „Слушнав нешто под урнатините“, рекол волонтер, сосед , после што се собрале пожарникарите. [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/S1sQ7-eaGmw[/embed] Eден спасувач ги замоли сите присутни да се замолчат и слушнал глас на девојче кое 17 часа било под одронот на својата куќа. Соседот почнал да ја довикува со името „Џулија, ајде Џулија“ и спасувачите го извлекле живот девојлето, што мештаните го проследиле со аплауз и радосни извикувања. [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/U57IdiCKWww[/embed] Малата Џулија 17 часа поминала под урнатините. Неверојатно, но немала сериозни повреди. Надеж дава и судбината на две момчиња, на возраст од четири и седум години, кои ги спасила бабата. Децата се спасени со брза и мудра реакција на бабата која ги турнала под кревет на првиот знак на лулањето на куќата, наведува Ројтерс, и додава дека земјотресот го преживеала и бабата , но дека останала без мажот. Спасувачките акции уште траат, но од многу урнатини се слушаат крикови на деца. Локалното население помага и со голи раце ги копа урнатините на тие места.    

Можеби ќе ве интересира

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата