19 Мај, 2024
0.0275

(ВИДЕО) ЕВАКУИРАНИ ЖЕЛЕЗНИЧКИ СТАНИЦИ: „Бомбаши самоубијци“ на ИД спремале напади во Минхен!

Објавено во: Свет 01 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Две железнички станици во Баварија беа затворени непосредно пред доаѓањето на Нова година во текот на изминатата ноќ поради сигнал дека терористите од "Исламска држава" подготвуваат атентати. Утринава и двете станици - централната во Минхен и железничката станица во Пазинг, беа повторно отворени и возовите го обновија движењето. Сигналот за спреманите напади во Минхен е поднесен од пријателска разузнавачка служба, соопшти министерот за внатрешни работи на провинцијата Баварија Јоаким Херман. Според извори на ДПА оваа информација е обезбедена од страна на француските власти. "Нашиот пристап е да не дозволиме терористи да диктираат како да го живееме својот живот", рече Херман рано утринава. Минхенскиот весник "Зидојче цајтунг" пишува дека полицијата истражува петмина осомничени. Началникот на минхенската полиција Хубертус Андре рече дека меѓу пет и седум осомничени се подготвувале да извршат самоубиствени напади на полноќ на една од двете станици. Утрово тензиите падна, по кулминација на кризата малку пред полноќ, додаде полицискиот началник. При сериозни безбедносни мерки помина одбележувањето на Нова година во Берлин. Неколку стотици илјади луѓе се собраа пред Бранденбуршката порта, каде полиција не пушташе луѓе со железни предмети или во видливо алкохолизирана состојба. Во германската престолнина немало закани за напади. [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/OFFt7S1FPI4[/embed]

Можеби ќе ве интересира

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години