19 Мај, 2024
0.1804

(ВИДЕО) ЕВЕ КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА ЗЕЛЕНИОТ ПОКРИВ НА ДОМОТ НА ГРАДЕЖНИЦИТЕ - Шилегов се пофали на фејсбук

Објавено во: Македонија 11 Април, 2021

Добивај вести на Viber

При крај е зелениот покрив на Домот на Градежниците. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов објави видео од уредувањето на покривот.
„Новото урбано место во нашиот град. Зелен кров на Дом на градежници !!!

Loading ... Скопје, една поинаква приказна ...“, напиша Шилегов на својот фејсбук профил, а објави и видео. 


Како што е познато, во декември лани Град Скопје со поддршка на УНДП почна со изградба на зелен покрив на зградата на Дом на градежници во Скопје. 

Ова е втор зелен покрив кој се прави во центарот на главниот град, по оној на Градскиот трговски центар. Целта на проектот е заштита на животната средина, создавање на подобро место на живеење и подобар квалитет на живот.

„Ќе се постават десетици дрвца, тревна површина и вертикално зеленило надополнето со клупи и друга урбана опрема. Околу целата ограда ќе биде поставен дрворед од густи дрвја со намера да не им  пречат посетителите на покривот на граѓаните во околните згради. Со создавањето на ново зелено место се очекува температура во летниот период да биде намалена до 3 степени“ , рече тогаш Никола Наумоски шеф на кабинет на градоначалникот Петре Шилегов.

Оваа инвестиција чини вкупно 18,5 милиони денари.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража