(ВИДЕО-ФОТО) НЕВЕРОЈАТНИ ГЛЕТКИ НА ГРЧКИТЕ ПЛАЖИ: Снег го затрупа и омиленото место за летување на Македонците
Објавено во: Балкан 04 Јануари, 2019
Кој би рекол дека е можно да видиме снег на грчките плажи на кои секое лето многу Македонци уживаат во сонцето.
Студениот бран со снег не ја заобиколи ни соседна Грција па познатата Паралија осамна прекриена со снежна покривка.
Фотографиите од оваа необична глетка се објавени на социјалните мрежи .
На нив се гледаат плажи , улици и згради во Паралија целосно покриени со снег.
Местото кое во текот на сезоната врие од туристи, сега е целосно пусто и повеќе личи на ски центар отколку на летувалиште.