18 Мај, 2024
0.0303

(ВИДЕО-ГАЛЕРИЈА) ХРАБРО: Холанѓанка со трактор стигна до Јужниот пол

Објавено во: Стил 09 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Холанѓанката Манон Осеворт денеска со трактор стигнала на Јужниот пол, откако го преминала Антартикот возејќи во просек 10 километри на час.

manon

Своето патешествие на ледениот континент 38-годишната Манон, која во авантурата тргнала пред 10 години од своето село во Холандија , го споредила со „родео“.

manon2

Манон поминала 2500 километри од руската истражувачка станица Новолазаревскаја, на антарктичкиот брег, до Јужниот пол за 16 дена. На патувањето низ снежната пустина друштво и правел Никола Башел, француски механичар кој со неа се менува на воланот на тракторотм како и шест други лица, меѓу кои и ТВ екипа која го снима целиот подвиг.

 

Манон на оваа идеја дошла во 2005 година, кога како глумица и режисерка ставила парче од девојка која на трактор заминува на крајот на светот. Посакала и таа самата да оствари една таква авантура, па тргнала од своето родно село во Холандија кон најјужната точка на Африка. Пред да го напушти Јужниот пол Манон треба да направи огромен „Снешко Белко“, во чиј стомак ќе ја закопа „временската капсула“ која ќе може да се отвори за 80 години.

„Сакам да направа една капсула со соништата како децата и луѓето во иднината би можеле да дознаат за што сонувавме, а не само за политила и војни“, објаснува таа.