18 Мај, 2024
0.0253

(ВИДЕО-ГАЛЕРИЈА) Сон на секој маж – прва микро пивара за дома!

Објавено во: Стил 09 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Првата микро пивара за дома под името „Brewie“ конечно може да го исполни сонот на милиони мажи ширум светот бидејќи младите основачи на овој софистициран апарат за дома измислиле вистинска мини пивара која може да се најде како додатно парче бела техника во секоја кујна, а ќе им донесе неизмерна радост на сите кои уживаат во најпопуларниот пијалок на светот.

Brewie - prva mikro pivara za kuću (2)

Се што е потребно сами да произведувате пиво со помош на овој апарат е да ги ставите неопходните состојќи во одговарачки количини, изберете рецепт и стиснете го копчето „старт“, после што ќе започне првата фаза на подготовка која трае пет до шест часа. После тоа познува втората и исклучително подолга фаза која трае до 14 дена, после што добивате вистинско пиво готово за конзумација, и тоа од сопствена пивара.

Brewie - prva mikro pivara za kuću (1)

„Brewie“ е наменет и за почетници и за експерти, па оние кои имаат напредни познавања за производството на пиво и точно знаат какво пиво сакаат , можат да подесуваат дури 23 ситни детаљи, почнувајки од видот и количината на водата, па се до температурата на варење и моментот за додавање на посебни состојки како би создале пиво од соништата.

Brewie - prva mikro pivara za kuću (6)

Оваа микро пивара притоа е константно поврзана на интернет преки Wi - Fi врска, што значи дека ви овозможува и далечинска контрола преку компјутер, таблет или телефон, како и често следење на статусот и низа подесувања при процесот на производство.

И тоа не е се, бидејќи „Brewie“ сам се чисти после завршувањето на производството, што значи дека на вас ви останува само да се препуштите на ужи вањето во омилениот вкус. А ако ви се допаѓа оваа идеја, може да си порачате своја домашна пивара на оваа официјална страница.

  Повеќе информации прочитајте овде.