(ВИДЕО) Гаши се скара со Арбер Адеми и го нарече „идиот“
Објавено во: Македонија 25 Јули, 2023
Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, денеска се скара со координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбр Адеми.
Гаши го нарече Адеми „идиот“ и побара од него да молчи додека тој зборува.
„Ќути, молчи кога зборувам. Елементарна култура треба да покажеш, срамота! Идиот“, му порача Гаши.
Во Собранието и претходно имало инциденти и тешки зборови меѓу пратениците.