15 Мај, 2024
0.0262

(ВИДЕО) Го промени светот: Ајфон слави 7 години

Објавено во: Стил 29 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Еден од најпопуларните „паметни“ телефони во светот - Ајфон денеска слави 7-ми роденден. Пред точно седум години за првпат беше промовирано ова технолошко достигнување, кое навистина ќе го промени светот на мобилните комуникации. Револуционерниот Ајфон на компанијата Епл за првпат бил пуштен во продажба на 29 јуни 2007 година. Заради големиот интерес, еден корисник можел да купи најмногу два телефони. Веќе на 10 септември 2007 година биле продадени милион примероци на Ајфон, само 74 дена по лансирањето во продажба. На 1 ноември истата година магазинот „Тајм“ го прогласи „Ајфон“ за „најдобар изум на годината“. Ајфон на пазарот се издвоил со својот дизајн, оперативен систем и чувството кое го дава при комуникацијата, напишал „Тајм“, но најмногу се издвоил со огромното влијание врз останатите мобилни телефони. На 9 јуни 2008 година, во 21 земја во целиот свет бил промовиран новиот Ајфон 3Г, двапати побрз од својот претходник. Моделот е пуштен во употреба на 11 јули таа година. Истовремено Епл отворил и своја „онлајн“ продавница за апликации. За само четири дена, на 14 јули, биле продадени еден милион примероци од овој новиот Ајфон, а до септември Епл забележува 100 милиони продадени апликации. На 8 јули 2011 година Ајфонот отпатува во вселената, како дел од опремата на астронаутите на спејс-шатлот Атлантис на НАСА. Огромен раст продажбата на овој телефон достигнува по влезот на кинескиот пазар во јануари 2012 година, кога таму за првпат е понуден моделот Ајфон 4С. Последните промовирани модели на Ајфон се 5С и 5Ц, едниот означен како најнапреден смартфон на светот, а другиот како - најшарен Ајфон досега. Еве како Стив Џобс ја најави револуцијата и за првпат го претстави Ајфон: http://www.youtube.com/watch?v=wGoM_wVrwng