18 Мај, 2024
0.0272

(ВИДЕО) ГРАДОТ АМАТРИЧЕ, МЕСТО ОТКАДЕ ПРОТЕКОА МНОГУ ПАРИ: И претходно го треселе земјотреси!

Објавено во: Свет 24 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Градот Аматриче во провонцијата Ријета, во централна Италија, кој утрово го погоди силен земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтеровата скала, брои жртви. Жителите на ова место, кои според извештаите од 2011 година ги има околу 1000, се затрупани под урнатите згради, нема струја, а премиерот Матео Ренци веднаш испратил тешка опрема да помогне во отстранување на урнатините.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/Radio1Rai/status/768317978764980226?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Градоначалникот на ова место во централна Италија, Сергио Пирочи, рекол за државната Радио РАИ и станица „Skaj TG24“ дека ги зафатила тешка несреќа.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/TgrMarche/status/768320175498207232?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

„Нашиот град овде повеќе го нема“, рекол тој.

Ова градче во 2009 година го погоди земјотрес со 6,3 степени по Рихтеровата скала и тогаш загинале повеќе од 300 лица. Исто така, 90 километри јужно од овој регион во 1997 година во текот на уште еден земјотрес, загинале десетици луѓе и тешко е оштетен еден од бисерите на Умбрија, базиликата на Свети Фрањо Асишки. Чуварите на оваа базилика денес не јавиле дали има штета од утринскиот земјотрес.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/CNN/status/768302980751732736?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Аматриче како град датира од старата ера, а е познат по археолошкото богатство како што се римските згради и гробници. Лонгобардите го освоиле после падот на Западното римско царство, а во текот на 13 век бил дел од Напулијското кралство.

Нешто подоцна градчето го држеле познатите италијански семејства Орсини и Медичи, а после обединувањето на Италија во 1971 година, станува дел од покраината Лацио.

Можеби ќе ве интересира

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата