(ВИДЕО) ХАОС во Словенија: Полицијата со солзавец против мигрантите на границата со Хрватска
Објавено во: Балкан 20 Октомври, 2015 10:14
На еден од словенечко-хрватските гранични премини синоќа дошло до судир на словенечката полиција со група мигранти, кои се обиделе да ја пробијат оградата, за да влезат во Словенија, пренесоа агенциите.
Словенечката полиција користела палки и солзавец за да ги спречи да стигнат до автобусот, кој бил од словенечката страна на границата.
Вчера словенечките власти одбија да гласаат за повеќе од 1.000 мигранти кои пристигнале од Хрватска, бидејќи дневната квота е достигната. Бегалците и мигрантите биле принудени да ја поминат ноќта на температури под нулата во близина на железничките шини, откако полицијата не им дозволи да ја преминат границата.
Претходно вчера Хрватска повторно ја отвори границата со Србија и пропушти неколку илјади мигранти кои чекаа на границата речиси два дена. Од хрватска страна бегалците се движат со автобуси, кои ги носат до приемен центар Опатовац, а транспортот е обезбедуван од хрватската полиција.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/Josip_007/status/656185248863100928[/embed]Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




