06 Декември, 2025
0.1056

(ВИДЕО) Идеално за вашата канцеларија: Еспресо каде и да се наоѓате!

Објавено во: Стил 28 Ноември, 2014 17:07

Добивај вести на Viber

Најновиот инструмент за подготвување на еспресо кафе се вика Минипресо и ќе се појави на пазарот во почетокот на 201 година. Овој апарат доаѓа од Хонг Конг, а го измислила стартап компанијата  Wacaco а неговата посебност е во тоа што за него не е потребна електрична енергија, туку се движи рачно. Практичен е за патување, излети, канцеларија.

Во апаратот се става кафе и врела вода, и се што е потребно за да се добие шолја вистинско еспресо е да ја притиснете пумпата на него, помеѓу 13 и 28 пати, во зависност дали сакате кратко или долго еспресо.

Рачната пумпа го подига притисокот со кој водата доаѓа до комората во која стои кафето, на 8 бара, што произведува шолја кафе од совршена температура од 66 степени Целзиусови.

Минипресото е со висина од 18 сантиметри и тешко нешто повеќе од 400 грама, што го прави погодно за носење во торба, а вистинските љубители на доброто кафе тоа ќе умеат да го почитуваат.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: