14 Мај, 2024
0.0427

(ВИДЕО) ИМ СЕ ОДДОЛЖИЛ: Кинески милионер изградил луксузни станови за сиромашните пријатели!

Објавено во: Стил 30 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Еден милионер од Кина го срамнил со земја сиромашниот крај во кој израснал и изградил луксузни станови, но не за себе, ниту за продажба, туку за жителите со кои некогаш неговото семејство живеело.

Сијонг Шуихуа (54) пораснал во градот Синјуј каде на неговото семејство, кога било сиромашно, му помагале бројни соседи. Кога се збогатил, Шуихуа одлучил да им се оддолжи.

Така за 72 семејства изградил луксузни станови, а уште 18, кои биле посебно добро кон бизнисменот додека бил мал. добиле свои вили.

Тоа не му било доволно, па на сите стари жители и оние со недоволно примања им обезбедил и по три бесплатни оброци дневно.

„Заработив повеќе отколку што можам да потрошам. Не ги заборавив своите корени и секогаш ги враќам долговите. Сакав да им се оддолжам на луѓето кои ми помагаа мене и на моето семејство“, изјавил Шуихуа .