06 Декември, 2025
0.0341

(ВИДЕО) ИНДИЈА СЕ НАДМИНА СЕБЕ, АМА И ЊУЈОРК: 350 милиони евра за највисоката статуа во светот

Објавено во: Стил 31 Октомври, 2018 10:24

Добивај вести на Viber

Спектакуларно претставување на монументална статуа од 182 метри со помош на борбени авиони и хеликоптери кои треба да ја засипат со цвеќе, паднало во втор план поради најава од потреси.

Незадоволните мештани бараат компензација за земјата која им е одземена за да биде поставена „Статуата на единството“. Локалните индијски власти во државата Гуџават тврдат дека 185те семејства кои се иселиле заради поставување на споменикот добиле обештетување на имот од 475 хектари нова земја.


За изградата на статуата на индијскиот херој за независност Сардар Валабхаија Пател потрошени се 350 милиони евра и четири годишна работа.

Локалниот шеф на полицијата Абај Чудасма вели дека повеќе од пет илјади полицајци биле распоредени на различни пунктови во пречник од 10 километри од местото каде е поставен споменикот.

Грандиозниот споменик кој освен што е двократно повисок од „Кипот на Слободата” во Њујорк далеку ја надминува и статуата на Буда во кинеската провинција Хенан која како втора во висина има само 128 метри. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: