(ВИДЕО) Италијанската крајбрежна стража спаси 4400 мигранти за еден ден
Објавено во: Свет 23 Август, 2015
Италијанската крајбрежна стража е координирана за спасување на 4.400 мигранти од бродовите во Средоземното Море. Тоа се случило само во рамките на саботниот ден, најавија денеска официјални претставници. Започнати се три нови спасувачки операции, објавија светските агенции.
Бројот на спасените во саботата е најголем за еден ден во последните години. Смиреното време ги охрабрува шверцерите на луѓе да ја напуштат Либија со преполни чамци, што е можно повеќе патници, кои ќе им платат.
Претставник на крајбрежната стража објаснил дека добиле сигнал за несреќа од вкупно 22 бродови - гумени или дрвени рибарски чамци - сите опасно преполни. Многу од нив имале недостиг дури на основна опрема за безбедност.
Италијанската крајбрежна стража, флота и царинска полиција учествувале во спасувачката операција заедно со бродови од европската програма „Тритон“.
Нема информации за загинати мигранти за време на саботните операции.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/wpUO6LnoMM0[/embed]