(ВИДЕО) ИЗБЕГНАТ МАСАКР: ИСИС планирале напад во Сараево за Нова година
Објавено во: Свет 25 Декември, 2015
За малку беше избегнат терористички напад во Сараево. Групата на приврзаници на ИСИС, кои беа уапсени во вторникот, планирале терористички напади во БИХ за Нова Година.
Според изјавите на државниот обвинител, терористите планирале да подметнат бомба во полициски автомобил на некоја од популарните прометни улици во Сараево. Во план било во нападите да се убијат над 100 лица.
На на единаесеттемина уапсени терористи му е одреден едномесечен притвор за дополнително да бидат сослушувани.
Инаку, во рацијата во вторникот, полицијата и тајните служби кај уапсените откриле знамиња на Исламската држава и големо количество документи кои докажувале дека подготвувале голем терористички напад.
Полицајците пребарале две места на верски собири и повеќе станбени згради кои ги користеле приведените. При претресите се најдени доказни материјали кои укажуваат на поврзаност со структури на Исламска држава.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/-FjLotinjxU[/embed]