(ВИДЕО) Изградил пат и наплатува патарина
Објавено во: Стил 18 Август, 2014 20:56
Британецот Мајк Ваттс изградил привремен пат за да им овозможи на возачите со парична надокнада да си го скратат патувањето за 14 километри.
Идејата му текнала во февруари кога локалните власти биле принудени да ја затворат делницата на патот помеѓу британските градови Бристол и Батх поради санирање на лизгалишта. Возилата поради тоа морале да користат обиколница во должина од 14 километри.
62-годишниот Ваттс сфатил дека може добро да заработи и за две седмици изградил пат долг 365 и широк седум метри и почнал да наплаќа патарина.
Патот е отворен на 1 август, а возењето во еден правец сопственикот на автомобилот чини две фунти (20 фунти за 12 возења), додека мотоциклистите плаќаат 1 фунта (10 фунти за 12 поминувања) како би го скратиле своето патување.
Мајк во изградбата вложил околу 190.000 евра, а за одржување и руги трошоци мора да издвои уште пари.
Верува дека за пет месеци експлоатација, колку ќе траат работите на санирање на лизгалиштата, ќе ги поврати вложените пари и додатно ќе заработи.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:






