(ВИДЕО) ЈОВАН, МОМЧЕТО КОЕ СПАСИ 20 ДЕЦА ВО КОЧАНИ, ПРЕЧЕКАН КАКО ХЕРОЈ: Доби силен аплауз од соучениците

Објавено во: Македонија 25 Март, 2025 09:31
Јован Костадинов-Херојот кој спаси 20 деца, денеска беше пречекан во Гимназијата Ванчо Прќе во Виница.
Со благодарност за неговото хумано дело се огласи и министерот за здравство, Арбен Таравари.
„Денеска, со длабока емоција и бескрајна гордост, ви ја споделувам веста дека Јован Костадинов, храбриот млад човек кој спаси 21 живот во трагедијата со пожарот во Кочани, конечно се врати дома.
Постојат моменти кога зборовите не се доволни, а ова е еден од нив. Како да се опише душа толку храбра и несебична, која во мигови на паника и опасност не помисли на себе, туку само на другите?
Јован, кој има само 19 години, постапил како вистински херој. Влегувал повторно и повторно, не еднаш, не двапати, туку повеќе од 20 пати, за да помогне на оние што биле заробени во пламените. Го ризикуваше сопствениот живот за да спаси други.
Неговото тело ги носи лузните од неговото јунаштво, но неговото срце носи нешто далеку поголемо: почитта, восхитот и љубовта на цела нација.
Јован не е само херој на Кочани. Тој е херој на целата наша држава. Симбол на тоа што значи да се стави човечноста над стравот. Потсетник за сите нас колку многу може да направи еден човек со големо срце.
Добредојде дома, Јован. Твојата приказна ќе живее вечно, во животите што ги спаси, во семејствата што повторно се заедно и во срцата на секој граѓанин што сега го знае твоето име.
Во име на сите граѓани, јас ќе кажам едно нешто, јасно и гласно: Никогаш нема да заборавиме.“ напиша таравари.
Можеби ќе ве интересира
АУКЦИЈА ЗА ПОМОШ НА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ: Собрани се скоро 30.000 евра

СЕ НАВРШИЈА ОСУМ ГОДИНИ ОД „КРВАВИОТ ЧЕТВРТОК“: Македонија се сеќава на упадот во Собранието

ЌЕ ИМА ПОРОЕН ДОЖД: Во следните денови очекувајте променливо и посвежо време

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СЕ РАКУВАШЕ СО МЕЛАНИЈА ТРАМП: Папата Франциск го вложи сиот свој духовен капацитет и морален интегритет во решавањето на проблемите на обичните луѓе

ЧЕСТО НА ЗАПАД, РЕТКОСТ КАЈ НАС: Дали би читале книга на јавно место?

Филипче и Силјановска Давкова наддаваа на аукција во Кочани

Филипче: Немам заеднички бизниси и недвижнини со Заев

Архитектот Мишко Ралев најпосакуван кандидат за градоначалник на Скопје во СДСМ

Скопјанец без возачка дозвола со мотор удрил 10-годишно девојче пред училиште во Чаир
