Стевчо Јакимовски: Сопствениците на ноќните клубови „Пјур“ и „Мош“ се сива еминенција

Објавено во: Македонија 28 Март, 2025 13:48
Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, давајќи отчет за безбедносните контроли, пред медиумите рече дека двата популарни ноќни клубови „Пјур“ и „Мош“ одбиваат соработка со општината.
- Морам да кажам дека два ноќни клубови не соработуваат со инспекторите. Тоа се клубовите Пјур и Мош. Не соработуваат. Дури за едниот клуб, колегата има поведено постапка како дивоградба пред неколку месеци и кога го посетил сопственикот го прашал зошто доаѓа? Вика, затоа што законот така бара... Тој му одговорил дека и тој бил закон! Јас одговорно тврдам дека овие сопственици на ноќни клубови се сива еминенција во средините каде што живеат и си дозволуваат малку повеќе од тоа што треба, рече Јакимовски.
Градоначалникот додаде дека сепак неговата локална самоуправа нема да се откаже додека не се спроведат детални контроли.
- Значи и покрај тоа што одбиваат соработка, ние ќе ја тераме постапката до крај и како што бара законот односно отстранување на нивните објекти, нагласи градоначалникот Јакимовски.
Можеби ќе ве интересира
ПОЛИЦИЈАТА ГО САНКЦИОНИРАШЕ ВОЗАЧОТ КОЈ ВОЗЕШЕ ПО ТРОТОАР - снимката беше споделена на социјалните мрежи

ИНВЕСТИТОР ОД СТРУГА ГРАДЕЛ НА ЗАШТИТЕНО ЗЕМЈИШТЕ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО - доби кривична пријава од МВР

НЕКОЛКУ ЛИЦА КОИ СЕ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО И ПОНАТАМУ СЕ ИНТУБИРАНИ - шест пациенти денес се враќаат во Македонија

ВОЗЕЛ СО 173 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - МВР го уапси „бесниот“ возач од Вруток
„УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ ВО МИНИСТЕРСТВОТО НА АНДОНОВСКИ“: СДСМ обвинува за нов случај на непотизам

„СЕ ОДЈАВИ НАШИОТ БРАТ ДИМИТАР“: Ленин Јовановски сподели тажна вест 'многу ќе ни недостасува'

ИСПЛАТА НА ПЛАТА ДО 5-ти ВО МЕСЕЦОТ И ПОГОЛЕМО ПОРОДИЛНО ОТСУСТВО - нови предлози на Левица во Собранието

„ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО АПРИЛ МОРА ДА ИМА“ - НСП не отстапува од барањата

ВОЗИ ВО СПРОТИВНА НАСОКА И ПОМИНУВА НА ЦРВЕН СЕМАФОР - уште еден во низата примери на сообраќајна некултура
