Инвеститор што бил поканет од државата да вложува, остава вработени во неизвесност?

Објавено во: Економија 27 Март, 2025 07:50
Најголемата фармацевтска компанија од Албанија, ЦФО Фарма, е еден од сопствениците на приватната болница „Оне Хоспитал“ од Тетово, чии вработени вчера излегоа на протест поради нередовна исплата и доцнење на платите и придонесите.
Албанската компанија за продажба на лекови на големо е сопственик на оваа болница од јануари 2024, а инаку на вчерашниот протест во медиумска изјава претставник на вработените рече дека проблемите започнале пред речиси две години со промената на сопственичката структура и менаџментот.
One Hospital своевремено започна со работа во медицинскиот центар во Тетово со 100 вработени и две поликлиники во Скопје и Гостивар. Во меѓувреме сопственикот „Динчер Глобал“ се нашол на удар на доверители и извршители, според податоците од Централен регистар. Во овој период албанската CFO Pharma, преку својата филијала во Македонија, ЦФО Пхарма Интернатионал, влегува во сопствеништвото на „Динчер Глобал“ и доаѓа до промена на директорот.
Интересно е тоа што Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот во 2023 на средба во Тирана ја поканиле CFO Pharma да инвестира во Македонија, иако македонската подружница ЦФО Пхарма Интернатионал е основана уште од 2017. ЦФО Пхарма Интернатионал има и филијала за продажба на лекови на големо во Тетово.
„CFO Pharma располага со модерна и напредна инфраструктура за дистрибуција на фармацевтски производи, покрај тоа имаат квалификуван кадар со искуство во индустријата и ги следат високите стандарди за квалитет и безбедност“, гласеа тогашните пофалби упатени од агенцијата.
- Се обраќаме до приватната општа болница „Оне Хоспитал“ Тетово, како и до сите надлежни институции во име на сите претходно вработени колеги кои неволно и приморано ја напуштија болницата. Целта на ова обраќање е да се информира јавноста што точно се случува. Со промена на сопственоста и менаџментот на болницата пред речиси 2 години, дојде до несакани однесувања и непочитување кон медицинскиот персонал кој и онака е во недостиг во Македонија. Однесувањето беше најнапред со доцнење на месечните плати и надоместоци, сè до комплетна неисплата, при што вработените останаа без основни средства за живот, без пензинско и здравствено осигурување што си носеше за секое семејство различни непријатни последици – рече докторката Билјана Божиновска, специјалист радиолог во изјава што ја пренесе „Слободен Печат“.
Тековен и поранешен медицински кадар од „Оне Хоспитал“ Тетово барале да им се исплатат платите и надоместоците што ги изработиле. Се работело за илјадници евра, а неплатени им се и ноќни часови. За проблемот пријавувале во Управата за финансиска полиција, Државниот трудов инспекторат, Управата за јавни приходи, но институциите останале пасивни.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Инвеститор од Емиратите ја посакува Големата плажа во Улцињ

Од април вработените во основните и средни училишта со зголемена плата

ЌЕ СЕ ДЕЛАТ НАТПРОСЕЧНИ ПЛАТИ? „Магна“ започнува со работа во Штип од следната недела

Зголемување на минималната плата во Грција од 1 април

Работната саатница во ЕУ во 2024 најмногу пораснала во Хрватска

САД уште еднаш ги одложи санкциите кон српската НИС

ВМРО-ДПМНЕ го нападна и синдикалецот Деаноски: Платата му била 104.000 денари

Рама: Сувите пристаништа на „Порто Романо“ ќе бидат во Приштина и Скопје
