18 Мај, 2024
0.0260

(ВИДЕО) Како најбрзо да го излечите течењето на носот – народен лек

Објавено во: Стил 09 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Како најбрзо да го излечите течењето на носот? Совет на кинески лекар.

Луѓето често не обраќаат внимание на тоа дека течењето на носот може да биде сериозно заболување. Но, сепак, знае да го отежне животот буквално на секој, нели?

Масирање на одредени точки на лицето може да му помогне на организмот побрзо да се опорави, со активирање на внатрешната сила на организмот во борбата со течењето на носот.

Oва е ефикасен начин кој го предлага Лу Хансен, доктор на кинеска медицина.

Точка бр. 1

Ако ја продолжите линијата на веѓите, оваа точка ќе се најде директно над почетокот на носот.

Точка бр.2

Симетрични точки на двете страни на лицето. Една забележлива вдлабнатина околу два сантиметри на надворешниот раб на веѓите. Треба да се притискаат истовремено.

Точка бр.3

Две симетрични точки на почетокот на носот, близу до работ на очните капаци. Да се масираат истовремено.

Точка бр.4

Симетрични точки оддалечени пола сантиметар од носот.

КАКО ДА СЕ МАСИРА?

Сите овие точки треба да се масираат со врвовите на прстите по 1 минута. Да се притиска силно, но никако до болка. Не е ваќно, дали во насока на часовникот или не. Важно е да го имате чуството на притискање на точката. Течењето на носот престанува практично после првиот пат. По потреба повторувајте ја постапката на масирање два-три пат дневно.

КАКО ДЕЈСТВУВА ОВА?

Важно- правилен проток на крв!

Кинеската медицина смета дека најважна работа е - правилниот проток на крв до мускулите и ткивата. Ако некаде во организмот постои стагнација на крв, таму почнува развој на болест . И обратно - ако се обезбеди одговарачкиот проток на крв, организмот ќе биде во состојба брзо да ја излечи болеста . Затоа масажата на клучните точки помага при заздравувањето.

Лу Хансен, лекар на кинеската медицина, 11 години служел во кинеската војска, и добил чин на поручник. Тајните на кинеската медицина ги научил од неговата баба која долго го учела на акунпунктура и мануелна терапија. После војската работел како практичар во градската болница Линг Јин, каде уживал голема популарност меѓу пациентите. Во 1993 добил повик да работи во РУсија, каде и останал после завршувањето на договорот бидејќи оженил руска девојка.