(ВИДЕО) „Лежечки полицаец“ кој ги излудува возачите!
Објавено во: Стил 03 Септември, 2014 18:10
„Лежечки полицаец“ служи да го подигне нивото на безбедност во сообраќајот, но и честопати ги нервираат возачите.
Судејќи по тоа како изгледаат овие препреки во една област од градот Палм Беј во Флорида, локалните возачи мора да се доведени до лудило.
На нашите патишта и улици можат да се видат разни видови на „Лежечки полицајци“ - од благо гумифицирани до оние високи направени од бетон или асфалт. Воглавно ги поставуваат надлежните служби, но не е реткост и мештаните да се организираат и да го направат бавен сообраќајот во сопствена режија.
Не знаеме кој ја инсталирал оваа неверојатна препрека во Флорида, која потсетува на полигон за тестирање на систем за суспензија, но изгледа дека ја постигнале целта - возачите не само што мора да забават, туку се принудени да го запрат своето возило.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





